14
фев
2020
Салата со праз, маслинки и сирење
За љубителите на праз. Салата со свеж праз.
Празот се чисти,се мие па се сечка на коцки.
Се додаваат маслинките и сирењето кое претходно го исецкавме на коцки.
Попрскуваме со квалитетно маслиново масло.
Наросуваме хималајска сол и свежо мелен црн бибер.
Промешуваме добро.
Салатата е спремна. Јас по своја желба наросив и мајоран.
Зависи од вкусот и желбата на дегустаторот....можете да ставите праз и сол, да промешате добро, да стегнете со раката и да оставите малку да постои пред да ги додадете другите состојки.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Лично мене ми се допадна.Во последно време сакам свежа храна и гледам колку можам да не ја обработувам.Фала за убавите зборови.