10
апр
2013
Рум куглички со брусница
Брусницата (сувото грозје) се мие, суши, сецка, па се прелева со рум. Чоколадото се ренда и се меша со шеќерот во прав. Маргаринот се топи и се додава во смесата од чоколадо и шеќер во прав. Кога ќе почне да се стврднува смесата, се додава сушеното овошје и румот. Се прават малечки куглички и се увалкуваат по желба или во чоколадни мрвици или во рендано чоколадо.
ПРЕПОРАКА
Кугличките многу полесно и подобро се формираат откако добро ќе се олади смесата, може и да отстои во фрижидер саат-два. Исто препорачувам да се увалкуваат во рендано чоколадо - според мене има многу подобар вкус отколку трошките.
Лиценца: Сите права се задржани
Доколку сакаш да ја замениме главната фотографија, испрати ни ја во порака на ФБ или на мејл. Фотографијата не треба да биде помала од 1200рх за да може да се прикачи на рецептот.
Погледни го и видеото како да направиш добра фотографија.
Поздрав :)
http://moirecepti.mk/post/kako-da-napravis-dobra-fotografija/