
Топчиња со брусница и чоколадо
Верувам постојат милион верзии за непечени топчиња јас сум љубител на брусница, па ја поставувам мојата верзија како предлог за претстојните празници.
Mногу лесно се прават и посни доколку млекото се замени со соја млеко.
Мелени бисквитите, се додаваат во смесата од млеко и шеќер што ги ставаме на оган додека се истопи шеќерот. Се трга настрана, се ставаат бисквити и се останато (брусниците сечкани на ситно). Само инстант кафето за убаво да се истопи и да не горчи се топи со врелата вода.
Се оставаат малку да отстојат и се образуваат топчиња. Дополнително извалкајте ги половично со топено чоколадо и украсете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови