Топчиња со брусница и чоколадо
Состојки
- 400гр. мелени бисквити
- 200гр. шеќер
- 5 лажици млеко
- 100гр. топено чоколадо
- 1/8 лажичка цимет
- 1кора од портокал
- 100гр. маргарин
- 2лажици врела вода
- 1/2 лажичка инстант кафе
- 25гр. брусница
- 100гр. сечкани ореви
- и уште
- 50гр. топено чоколадо
- 20гр. брусница
Подготовка
Верувам постојат милион верзии за непечени топчиња јас сум љубител на брусница, па ја поставувам мојата верзија како предлог за претстојните празници.
Mногу лесно се прават и посни доколку млекото се замени со соја млеко.
Мелени бисквитите, се додаваат во смесата од млеко и шеќер што ги ставаме на оган додека се истопи шеќерот. Се трга настрана, се ставаат бисквити и се останато (брусниците сечкани на ситно). Само инстант кафето за убаво да се истопи и да не горчи се топи со врелата вода.
Се оставаат малку да отстојат и се образуваат топчиња. Дополнително извалкајте ги половично со топено чоколадо и украсете.