Рум куглички со брусница
Состојки
- Бели рум куглички
- 50 гр сува брусница
- 3 супени лажици рум
- 100 гр бело чоколадо
- 100 гр шеќер во прав
- 50 гр маргарин
- Црни рум куглички
- 50 гр суво грозје (може и сува кајсија - испробано)
- 3 супени лажици рум
- 100 гр црно чоколадо
- 100 гр шеќер во прав
- 50 гр маргарин
- За увалкување
- 100 гр чоколадни мрвици или рендано чоколадо
Подготовка
Брусницата (сувото грозје) се мие, суши, сецка, па се прелева со рум. Чоколадото се ренда и се меша со шеќерот во прав. Маргаринот се топи и се додава во смесата од чоколадо и шеќер во прав. Кога ќе почне да се стврднува смесата, се додава сушеното овошје и румот. Се прават малечки куглички и се увалкуваат по желба или во чоколадни мрвици или во рендано чоколадо.
ПРЕПОРАКА
Кугличките многу полесно и подобро се формираат откако добро ќе се олади смесата, може и да отстои во фрижидер саат-два. Исто препорачувам да се увалкуваат во рендано чоколадо - според мене има многу подобар вкус отколку трошките.