Брашното ставете го во поголем сад. Во него додадете го јогуртот, маслото, 200 мл. топла вода, квасец растворен во 200 мл. топла вода со 2 лажички сол, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка брашно, претходно стасан.,јајцето и замесете -меко- тесто што не се лепи на раце. Оставете го покриено да стасува на топло 1 час.

Кога е стасано одделете топчиња од него колку една модра слива или кива.
Развлечете не многу тенка кора(со сукало) засечете на 4 или 6 делови, внимавајќи да не се пресече средината. На средината ставете коцка сирење. Земете ја првата расечена кора преклопете ја и завиткајте ја околу сирење притоа да се залепат краевите.
Завиткајте ги другите делови така.(како на сликата). Постапете со сите исто, ставајте ги во намрсен плех,оставете ги да стасуваат 10 мин. покриени со крпа.
Премачкајте ги со изматено јајце со малку сол и масло(со вилушка).На нив ставете коцка маргарин. и сусам или афион, Ставете ги да се печат на 200 степени додека поруменат(15-20 мин.)
Испечени, со влажна рака малку напрскајте за да омекнат, покријте ги со најлонска кеса и крпа и оставете да се задушат. Да се оладат и чувајте ги добро затворено најлонче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови