
Ружа мафини со сирење и коприва
Многу декоративно и вкусно пециво.
 Јас ја користев последната коприва од замрзнувач, а вие до колку немате може да се користи спанаќ, блитва, бланширани и исцедени од вишок на вода.
Во вангличка се ставаат прво млекото, квасецот, шеќерот и малку брашно.
 Убаво се промешува, па се додаваат маслиновото масло, јајцето,ориганото солта и брашното.
 Се замесува средно тесто и се остава на топло 30 минути.
 Потоа тестото се дели на 2 дела, се сучат 2 корички.
 Едната кора се премачкува со 1 лажица маслиново маслчо и се поклопува со другата кора.
 сега се сучи една поголема кора на која се нанесуваат сирењето и копривата.
 Се витка ролат.Ролатот се сече на 12 еднакви парчиња.
 Се ставаат во калап за мафини, кој претходно со четка е премачкан со масло, со пресечената страна на горе.
 Киснат 20 минути и по желба се премачкуваат со изматено јајце, се наросува сусам и се печат на 190 степени околу 25 минути.
Лиценца: Сите права се задржани




































