Фил:
1. Јајцата се матат со 100 грама шеќер во прав на пареа. Се додава 200 грама чоколадо за готвење и се мати додека да се стопи чоколадото,. Се трга настрана и се мати се додека не се излади.
2. Настрана се мати маргаринот со 100 грама шеќер во прав и постепено се додава претходно направената смеса од јајца и чоколадо. Убаво матиме, потоа додаваме 50 грама мелени ореви и 100 грама мелени бисквити.

3. Чајните колачи ги натопуваме во затоплено млеко во кое е растворено инстант кафето, потоа секое колаче го премачкуваме со филот од едната страна и ги лепиме едно до друго да добиеме ролат.

4. На крај ролатот го премачкуваме со преостанатиот фил и посипуваме со останатите мелени ореви. Оставаме да постои неколку часа потоа го сечиме на коси парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани