24
мар
2012
Ролат со чајни колачи
Водата ја ставаме во тенџерче на оган да зоврие со 10 лажици шеќер. Кога ќе зоврие го ставаме пудингот претходно разматен со 50 мл. вода. Вариме 5 минути. Во сад го матиме путерот со прав шеќерот. Kога ќе се излади пудингот ги соединуваме двете смеси. Вариме кафе со еден филџан вода,1 лажичка шеќер и 1 лажичка кафе. Кафето го сипуваме во тањирче. Едно по едно чајните колачи ги макаме во кафето, потоа ги премачкуваме со фил и ги редиме како триаголник.Одоздола два реда и одозгора на среде еден. Се така додека имаме фил и колачи. На крај целиот ролат го премачкуваме со фил. Одозгора може и шлаг пена.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови