Подготовка:

1. Излупете ги компирите и исечете ги на танки кругови.
2. Во тепсија постелете хартија за печење, врз нејзе изрендајте кашкавал, врз кашкавалот наредете кругови компири, посолете и ставете во рерна да се потпечат.
3. Во меѓувреме испржете кромид со мелено месо.
4. Во друго тавче испржете спанаќ.
5. Врз потпечени компири ставете од меленото месо, врз месо ставете спанаќ. Со помош на хартија завиткајте ролат. Ставете во рерна на 15 минути да се потпече. Ролатот оставете го малку да остине. Сечете на парчиња и сервирајте во чинија.
Добар апетит!
Ролат многу убав и декоративен!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани