Испечати

Ролат од мелено месо компири и спанаќ

Ролат од мелено месо компири и спанаќ

Состојки

  • 400 гр Мелено месо пола свинско,пола говедско
  • 200 гр Кашкавал
  • 500 гр Компири
  • 500 гр Спанаќ

Подготовка

Подготовка:

1. Излупете ги компирите и исечете ги на танки кругови.
2. Во тепсија постелете хартија за печење, врз нејзе изрендајте кашкавал, врз кашкавалот наредете кругови компири, посолете и ставете во рерна да се потпечат.
3. Во меѓувреме испржете кромид со мелено месо.
4. Во друго тавче испржете спанаќ.
5. Врз потпечени компири ставете од меленото месо, врз месо ставете спанаќ. Со помош на хартија завиткајте ролат. Ставете во рерна на 15 минути да се потпече. Ролатот оставете го малку да остине. Сечете на парчиња и сервирајте во чинија.
Добар апетит!
Ролат многу убав и декоративен!