Ролана пита со спанаќ и сирење
Користена чаша од 180 мл.
Најпрво спремете го првиот фил. Изматете ги јајцата со жица и редоследно додавајте ги останатите состојки.
Потоа се спрема вториот фил. Спанаќот или друго зељесто растение, обарете го и исцеддете го од водата. Сирењето издробете го и додадете го во жешкото тавче со спанаќот. Тргнете од оган и вмешајте додека е топло едно јајце. Одделете 3 лажици од првиот фил и додадете ги во вториов. Доколку користите изварка, додадете сол. Сирењето сепак е посолено па со него внимавајте на солењето.
Доколку сакате, спанаќот можи и да не го обарувате, ами без термички третман се од 2от фил да измешате.
Во зависност од дебелината на корите правиме слоеви за виткање во ролат. Доколку ви се потенки корите користете 3, па дури и 4 кори. Јас користев три кори, кои се солидно дебели како за пита и во тој случај требаат 2.
Значи, редиме 2 кори, кои секоја ја премачкуваме со првиот фил. Над 2та кора на почетокот ставаме од 2от фил и виткаме во ролат. Страниците пред ролање ги подвиткуваме на внатре за да не истечи филот.
Корите потоа ги редиме во подмачкано тавче една до друга и со остатокот од првиот фил ги премачкуваме одозгора.
Се печат на 200С додека не попримат убава златна боја.
Погодни се за замрзнување. Колку стојат се помеки стануваат, секако, доколку убаво ги спаковате.
Лиценца: Сите права се задржани
Розичке и јас би, особено ако некој има мерак да ми спрема хихихи...
Го направив и со пченкарно брашно наместо со пченчно, ама така по не ни се бендиса.
ic da ne mu se sekiras, i jas cesto gi koristam
Vazno kraen efekt odlicen