
Розен торта со фил од мелени ореви
Во длабоко тенџерче се става шеќерот и водата да зовријат. Се вари околу 5мин. Се додаваат мелените ореви и маргаринот. Се трга тенџерчето настрана мешајќи да се растопи маргаринот. Се оладува малку филот и се преминува на филовање на корите. Се става во тенок слој, не во дебел зошто може филот да истече. Оваа количина е доволна за 8 кори, а деветата кора се глазира.
Кога ќе се стави 9тата кора се покрива со крпа и се става некој предмет врз нив да се стегнат и залепат корите. После 3 часа се става глазурата.
Во мал сад се става шеќерот лимонот и водичката и се меша со лажица да се добие хомогена смеса како еурокрем никако течна. Се додава бојата, а може и да остане бела или да се прелие тортата со чоколада. Се остава да се стегне и се сече со врел нож. Наздравје!
Лиценца: Сите права се задржани