Најпрво го вариме филот. Жолчките ги биеме со миксер и ги додаваме во млекото во кое сме ги раствориле пудинзите и шеќерот. Вариме на тивок оган додека не се згусти филот и потоа го додадаваме и чоколадото и мешаме додека не се стопи. Го оставаме филот да се излади и потоа ги додаваме румот, ликерот од кафе и путерот и биеме со миксер за убаво да се изедначи филот.
За тестото ги биеме прво белките со шеќерот и потоа ги додаваме и целите јајца. Кога убаво ќе се избијат јајцата го исклучуваме миксерот и ги додаваме брашното и презлата заедно со пецивото, мешаме со дрвена лажица и на крај ги додаваме и мелените ореви. Печиме во тркалезно тавче бр.28 обложено со хартија. Кога ќе се испечи тестото го оставаме малку да се излади и го натураме со свареното млеко со кафе(во млекото го ставив кафето и го загреав во микробранова речиси до вриење).Декорирајте по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови