22
апр
2014
Рижото со аспарагус и пармезан
Во тава на оган ставете маслиново масло и додајте го сецканиот кромид.
Пржете додека кромидот малку омекне, а потоа додајте го оризот.
На тиво оган продолжете со пржење уште 3-4 минути па додајте го аспарагусот исечен на мали кругови.
Налејте неколку црпалки топла вода и оставете да се готви на тивок оган со повремено промешување.
По потреба додавајте топла вода се додека се свари оризот.
Сосема на крај додајте го пармезанот и путерот.
Посолете малку и наросете црн бибер.
Измешајте убаво за да се растопи путерот.
Послужете го топло....добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Искрено не знам како се кај вас цените, ама мене ме заболе глава кога видов дека аспарагус е околу 600ден./кг.