Риба во експрес лонец
Да, во експрес лонец се прави, што не значи дека не може во тава со капак.
Овој рецепт е погоден за ситните риби со коски, а ако одлучите да спремите поголеми риби, тогаш исечете ги на парчиња. Јас спремив денес Клен, но не го исеков, така цел го ставив. Љубопитноста ми е голема, сакав да видам што ќе биде ако не ги исечам.
Лесно и едноставно се спрема, вака.
- На исчистената риба одсечете им ги главите и перките.
- Во експрес лонецот ставете ја рибата, осолете на вкус, додадете го магданосот, ловорот, биберот, залијте со оцетот, додадете зејтинот толку колку да се покријат рибите.
- Затворете го експрес лонецот, ставете на појак оган колку да првично зоврие, потоа намалете на најниската температура и нека се готви околу 2 часа. Регулаторот од лонецот поставете го на позицијата 1. Отворете го лонецот, доколку сеуште е сосот заматен - не е бистар, догответе така на отворено.
- Вака спреманите риби можете да ги затворите во тегла, ставете во фрижидерот и можат да стојат неколку дена.
Кај нас не стојат, веднаш се јадат. Коските не се повеќе страшни, а на ситните риби како да ги нема веќе.
Напомена
Доколку немате лонец, ова може да се спрема во рерна во тавче со капак или да се покрие со фолија. Многупати ставам и лимонче малку, а на крај кога веќе е бистар сосот односно останало повеќе на зејтин, ги заливам рибите и со малку бело вино, вратам во рерната и оставам да испари алкохолот. Исто така вкусни, но вака постапувам само доколку сметам дека нема да остане ништо за да соберам во тегла.
Лиценца: Сите права се задржани
Штом е риба секако е убаво ова :)
Sega vakov rucek mozam da si napravam so sardini, ke si go imam vo plan :)