Се матат јајцата со шеќерот и кога смесата е изматена се додава маслото, водата брашното и пецивото. Се става на хартија за печење или помаснето и пробрашнето тавче со димензији 25,35см и се пече смесата.
Истата постапка се повторува и за втората кора само во втората кора на крајот на матењето се додава 1 лажица какао.

Подготовка на кремот.
Се зема мал дел од млекото во кое се раствара густинот, остатокот се става со 8 лажици шеќер да врие, потоа се додава смесата со густин со непрекинато мешање се вари густ крем. Кремот кога  е готов се остава да олади. Во оладен крем се додава маргарин претходно изматен со 100 гр шеќер во прав.
Смесата се поделува на два дела во едниот се додава 100 грама стопена чоколада, а другиот останува ист.

За преливот .
На пареа се растопува чоколадата со маргаринот и маслото да се стопи. За преливање треба да е млака смесата не оладена.

Редослед на сложување.
Се реди прво темната кора па светлиот крем потоа ресаната, па темниот крем, па светлата кора и накрај се прелива со глазурата се остава во ладилник добро да се олади потоа се сече на коцки.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови