Ресана тортици
Состојки
- потребно за кора1
- 3 јајца
- 5лаж шекер
- 2лаж масло
- 2лаж вода
- 5лаж брашно
- пола пециво
- потребно за кора2
- 3 јајца
- 5лаж шекер
- 2лаж масло
- 2лаж вода
- 5лаж брашно
- 1лаж какао
- пола пециво
- потребно за кремот
- 1л млеко
- 8лаж шекер
- 12лаж густин
- 1 маргарин
- 100гр прах шекер
- 1 чоколада
- потребно за преливот
- 1 чоколада
- 100гр маргарин
- 1лаж масло
- потребно уште 2 пакувања ресана
Подготовка
Се матат јајцата со шеќерот и кога смесата е изматена се додава маслото, водата брашното и пецивото. Се става на хартија за печење или помаснето и пробрашнето тавче со димензији 25,35см и се пече смесата.
Истата постапка се повторува и за втората кора само во втората кора на крајот на матењето се додава 1 лажица какао.
Подготовка на кремот.
Се зема мал дел од млекото во кое се раствара густинот, остатокот се става со 8 лажици шеќер да врие, потоа се додава смесата со густин со непрекинато мешање се вари густ крем. Кремот кога е готов се остава да олади. Во оладен крем се додава маргарин претходно изматен со 100 гр шеќер во прав.
Смесата се поделува на два дела во едниот се додава 100 грама стопена чоколада, а другиот останува ист.
За преливот .
На пареа се растопува чоколадата со маргаринот и маслото да се стопи. За преливање треба да е млака смесата не оладена.
Редослед на сложување.
Се реди прво темната кора па светлиот крем потоа ресаната, па темниот крем, па светлата кора и накрај се прелива со глазурата се остава во ладилник добро да се олади потоа се сече на коцки.