Се матат јајцата, па се додаваат течностите и на крај сувите состојки.
Спанаќот свеж се сечка, а сирењето се дроби. Количината е одокативна и по желба, а препорака е да си изберите некое посолено сирење. Секако, наместо спанаќ, кој љуби можи да стави и некое друго зеленило (штавеј, блитва и сл.).
Одозгора по желба можи да ги спосипите со семиња.
Јас во еден дел ставив и мешан сув зачин, а некои одогора ги посипав со лук во прав и црн бибер. Искрено, лукот мирисаше додека не беа печени, потоа не се чувствуваше. Така да, можеби сладен експеримент ќе е во следното спремање да пробам во последните мафинки да додадам и од него низ тестото : )
Одберете ситни или дробени овесни снегулки, чинам дека такви би биле подобри, иако со крупни не сум ги пробала.
Се полнат 12 калапи за мафини скоро до горе и се печат на 200С околу 20на минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани