Овесни палачинки со спанаќ
1. Во Нутрибулет ги ставаме сите состојки, блендираме.
2. Смесата ја оставаме на собна температура 2-3 минути.
3. Се става на оган тавче за палачинки со нелепливо дно, премачкуваме со маслиново масло. Во тавчето ставаме по 2 лажици од смесата и формираме мали палачинки. Печеме по 2-3 минути од секоја страна.
4. Палачинките јас ги редам една врз друга, измеѓу нив ставам издробено сирење и павлака, марула и пржено јајце на око.
* мелени семки од тиква се по желба, сум правела и без нив , палачинките се исто така вкусни.
* смесата како што стои додека се прават палачинките ќе се згуснува, затоа што овесните снегулки ќе набабрат, по потреба кога ќе се згусне многу додавајте по малку јогурт и промешајте со лажица.
Лиценца: Сите права се задржани