Пудинг торта со јајца
Во длабок сад ги ставаме жолчките и двете цели јајца го додаваме и шеќерот матиме. Кога е готово го додаваме брашното и пециво мешаме со лажица. Тавче бр . 30, го намрсуваме со масло, а потоа со брашно ја ставаме смесата за торта печеме во претходно загреана релна на 200 степени.
Ги матиме белките со 15 лаж шеќер во цврст снег. Во тенџере ја ставаме повеќе од половина од водата и 14 лаж шекер ставаме на оган да зоврие. Во другиот дел од водата ги раствараме пудинзите кои ги додаваме во врелата вода и вариме цврст крем. Кога е готов пудингот веднаш го земаме готовиот снег од белките го матиме со миксер со постепено додавање на врелиот пудинг, матиме додека не го потрошиме пудингот и убаво да се изедначи со беланецот. Готовата торта ја премачкуваме со пекмез а потоа го сипуваме кремот, изедначуваме и ставаме во ладилник околу два часа. Потоа може да се исече тортата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови