Прилог со пилешко месо
Се сеќавате ли на ТВ шоуто каде што мислам Дарко се викаше момчето кое ја водеше и тој е куварот предлагаше, готвеше по сопствени рецепти, но имаше и гости кои го предлагаа за нив највкусното јадење. Овој рецепт е од гостинката Бади Бекир, која кажа дека одејки на турнеи ѝ се бендисал вака приготвеното пилешко месо, си прибележив, направив и навистина имала право. Одамна беше тоа, а кај мене сеуште е на ТОП листата.
Приказната оди вака
- Се варат копаните, се трга кожата и се искостуваат. Ситно се сецка месото.
- Во тавка на зејтин се пржи ситно исецканиот кромид, се додава и лукот, се пржи. Во запржениот кромид се додава и месото и сето заедно се пржи 5-6 мин. Сега се додава сенфот, се меша и уште кратко време се пржи додека да се спојат сите состојки и вкусовите. Одстренете од огнот, додајте печурките, магданосот, зачинете со биберот и осолете, но внимавајте при солењето заради кашкавалот.
- Во сад во кој ќе го спремате ручекот ставете една половина од добиената смеса со месото, израмнете и намачкајте 1/2 од павлаката, посипете исто така со половина од ренданиот кашкавал. Ставете сега и другата половина, постапката повторете ја. Вака спреманото месо ставете во предходно загреана рерна, нека се печи додека кашкавалот се стопи и сосема малку потпече.
Може да се служи и како засебен ручек, но е одлично како прилог кон пире, ориз или она што вие ќе го изберете.
Нека ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани