22
јун
2014
Прженици со ржано брашно
Од брашното, водата, квасецот, солта и шеќерот се месi средно тесто и потоа се остава да нарасне.
Кашкавалот и шунката се рендаат. Откога тестото е нараснато се делат мали топчиња и се расукуваат врз секоја се става од мешавината од кашкавал и шунка и се затвораат и се стискаат по краевите со вилушка за да се затворат, по желба може и кечап да додедете. Одма се пржат на загреано масло додека поруменат. Овој рецет со мешано брашно од рж и пченично брашно дава посебна мекост на самото тесто и пржени кога ќе бидат ќе се уверите.
Пријатен апетит !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови