Превртена торта со сливи
Конечно и дојде редот да ја направам. Како за прв пат со сливи, но може да си изберете овошје по желба. Нешто како 2во1 со едно правење =)
1. Исчистете ги сливите и исечете ги на четвртинки. Во сад на оган од шеќерот и маргаринот направете карамел. Треба да ви остане светол (слична боја на подготвено 3во1 кафе, отприлика). Намрсете тавче бр. 24, претурете го карамелот и протресете го за убаво да се распореди. Потоа во круг наредете ги сливите (на сликите подолу).
2. За тестото, пенесто изматете го маргаринот со шеќерот па потоа додадете го јајцето и продолжете со матење за да се соедини. На страна во сад измешајте го брашното со содата и солта и додадете во садот со маргаринот. Повторно изматете за да добиете убава смеса. Постепено додавајте од млекото и матете цело време додека се добие убава густа смеса. Додадете ја ванилата, кората од лимон и чоколадото и уште еднаш убаво промешајте. Тестото е доста густо, па убаво со лажица распоредете го врз сливите и израмнете од горе.
3. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180С, околу 45-50мин. Ставете го на средина од рерната врз решетка за да не загори карамелот од доле. Со чепкалка проверете дали е готово. (Кај мене се печеше 45мин.)
4. Оставете 15тина мин. да се излади па превртете на поголема чинија за торта. Вообичаено се служи топла, но и ладна е супер.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Za leto, poln pogodok :)
Прекрасен е кај тебе,а мислам дека сливите се вистински погодок. :)
Може да си направите секакви комбинации со овошјето и да експериментирате :)