Драги мои еве ме и мене по кратка пауза, па ја продолжуваме дружбата понатаму.

Подготовка:

1. Кората се подготвува стандардно. Се матат белките со сол, па се додаваат шеќер, масло, брашно, пециво и лешници. Се печи на 180 околу 20 мин.. Кога ќе излади се сечи на три ленти.

2. Кафеав фил - Исто и филот се вари стандардно и додека е врел, се додаваат чоколадото и путерот со миксирање. Кога ќе се излади, се додава слатката павлака, мешувајќи ја со лажица. Се лади покриено со стреч фолија дирекно над пудингот.

3. Жолт фил - Идентично исто се подготвува како кафеавиот фил.

4. Глазура - Се топи се над пареа, со лесни мешања, не брзи, да не навлезе воздух и се направат меурчиња. Малку да излади и се полева врз добро изладената торта.

5. Финална постапка - Кора-кафеав фил - кора-жолт фил- кора- малку кафеав и жолт фил - глазура.
Најдобро е да може во форма со откопчување да се филува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови