Празнична торта
Состојки
- За кора
- 12 белки
- прстофат сол
- 250 гр. шеќер
- 2 ванили
- 6 лажици масло
- 120 гр. брашно
- 1 пециво
- 150 гр. потпечени мелени лешници
- 150 гр. потпечени сецкани лешници
- 100 гр. крупно рендано или ситно сецкано чоколадо за готвење
- Кафеав фил
- 750 мл. млеко
- 100 гр. шеќер
- 2 ванили
- 3 пудинзи од ванила
- 6 жолчки
- 160 гр. млечно чоколадо Милка
- 40 гр. црно квалитетно чоколадо за готвење
- 100 гр. путер
- 250 гр. изматена слатка павлака
- Жолт фил
- 750 мл. млеко
- 100 гр. шеќер
- 2 ванили
- 3 пудинзи од ванила
- 6 жолчки
- 200 гр. квалитетно бело чоколадо за готвење
- 100 гр. путер
- 250 мл. изматена слатка павлака
- Глазура
- 150 гр. квалитетно црно чоколадо за готвење
- 50 гр. путер
- 2 лажици масло
- 1 лажица млеко
Подготовка
Драги мои еве ме и мене по кратка пауза, па ја продолжуваме дружбата понатаму.
Подготовка:
1. Кората се подготвува стандардно. Се матат белките со сол, па се додаваат шеќер, масло, брашно, пециво и лешници. Се печи на 180 околу 20 мин.. Кога ќе излади се сечи на три ленти.
2. Кафеав фил - Исто и филот се вари стандардно и додека е врел, се додаваат чоколадото и путерот со миксирање. Кога ќе се излади, се додава слатката павлака, мешувајќи ја со лажица. Се лади покриено со стреч фолија дирекно над пудингот.
3. Жолт фил - Идентично исто се подготвува како кафеавиот фил.
4. Глазура - Се топи се над пареа, со лесни мешања, не брзи, да не навлезе воздух и се направат меурчиња. Малку да излади и се полева врз добро изладената торта.
5. Финална постапка - Кора-кафеав фил - кора-жолт фил- кора- малку кафеав и жолт фил - глазура.
Најдобро е да може во форма со откопчување да се филува.