Празнична Богојавленска погача
Квасецот се става во затопленото млеко и шеќерот да стаса.
Брашното се просејува и се замесува со стасаниот квасец, млакиот јогурт, јајцата и солта. Постепено се додава зејтинот и се меси да се добие меко мазно тесто.
Тестото се остава да стаса-дупло да го зголеми својот волумен. Одкако ќе стаса се премесува и повторно се остава да стаса.
На набрашнета маса се обликува погача и се редат симболи по желба во зависност од местото. Во овој крај тоа се класје жито, грозје, буренце за вино, котле со крст, пиле....
Така обликувана погачата се мачка со изматена жолчка со 2 лажици зејтин, се остава да стаса и се става да се пече.
Се пече околу 30 минути на 200степени и се остава уште 10 во исклучена рерна.
Симболите-украсите на тортата се лепат со редок шербет.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови