Подготовка
1. Филетите ги одмрзнуваме и обложуваме на крпа за да ги впие вишокот на течности. Јајцата ги матиме со лажица и во нив додаваме мешан зачин, оригано, бибер и сув магданос. Презлата ја мешаме со брашното и сусамот, филетите ги валкаме во јајца и потоа во презла. Вака подготвената риба ја ставаме во тава обложена со хартија на која многу малку и капнуваме зејтин. Рибата ја печеме со затворен капак 30 минути а потоа капакот го тргаме и допечуваме уште 15минути.
2. Компирите варени ситно ги дробиме, кромидот, киселите краставички, морковот предходно варен исто така ситно ги сечеме го додаваме варениот грашокот. Целата смеса ја посолуваме и попаруваме со пола филџан зејтин во нејзе додаваме и сок од еден цеден лимон промешуваме.
Декорираме со лимон и свежи шери домати.
Доколку ги исклучите јајцата добивате преубаво посно јадење.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани