Видео рецепт: Похувани јаболки со цимет и мед
Постојат многу нови идеи за рецепти со јаболки што просто не можете да ги изброите. Има толку многу различни начини и идеи за нивна подготовка. Еве еден едноставен рецепт инспириран од планинските предели на Италија – похувани јаболки покриени со лесна смеса.
Состојки
- 2 големи јаболки
- 3 полни супени лажици брашно
- 1 кафена лажичка шеќер
- Малку квасец
- Газирана вода
- Масло (за пржење)
Вид на оброк: Десерт
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: За почеток исчистете ги и излупете ги јаболкитe – За овој рецепт најмногу одговараат меки, слатки и сочни јаболки.
Чекор 2: Земете длабок сад и во него измешајте ги брашното, квасецот и шеќерот. Сипувајте по малку газирана вода постојано матејќи ја смесата додека таа да ја добие потребната густина. Смесата не треба да биде премногу густа, но треба да биде доволно густа за да создаде слој околу јаболките.
Чекор 3: Врз јаболките ставете малку брашно – тоа ќе ѝ помогне на смесата да се залепи. Потоа ставете ги јаболките во смесата и потрудете се тие да бидат целосно покриени и да не можат да дојдат во директен допир со маслото.
Чекор 4: Ставете ги да се пржат во жешко масло. По една минута свртете ги од другата страна за да се испржат подеднакво. Извадете ги и ставете ги да се исцедат на кујнска салфетка.
Повторете ја постапката со сите јаболки.
Чекор 5: Сервирајте ги на чинија со цимет и мед за макање. Ова морате да го пробате!
СОВЕТ: Правењето на смесата со газирана вода го прави готовиот десерт исклучително лесен. Овие мали парчиња похувани јаболки ќе Ви ја стоплат душата кога времето ќе залади. Дури можете да ги сервирате и како предјадење со пршута и сирење.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола