Еве малку поинаков начин за подготовка на потпечени макарони, а бидејќи е сезона на карфиолот, редно беше да поставам рецепт и со овој превкусен зеленчук.

Подготовка
1. Карфиолот го разделуваме на ситни цветчиња и го обаруваме до омекнување во солена вода.
2. Макароните и обаренот карфиол ги ставаме во тава за печење во која сме ставиле масло.
3. Врз нив рендаме кашкавал и ги потопуваме целосно со кисела вода.
4. Ги ставаме да се печат во рерна додека да омекнат макароните, да поцрвенат и да испари водата.
За тоа време го подготвуваме преливот.
5. Ги соединуваме јајцата со киселото млеко и зачинуваме по вкус и желба.
6. Откако ќе се запечат макароните го распоредуваме преливот насекаде, наросуваме бибер и повторно ги враќаме во рерна, да се запечат.

Уживајте!

Забелешка
Ако сакате да го ,,протнете,, зеленчуков кај деца кои не јадат карфиол, ова ви е еден одличен рецепт.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови