Испечати

Потпечени макарони со карфиол

Потпечени макарони со карфиол

Состојки

  • 500 гр ситни макарони
  • 1 мала главица карфиол
  • 100 гр кашкавал
  • 50 мл масло
  • 1,2 л кисела (минерална газирана)вода
  • За прелив
  • 500 гр кисело млеко
  • 5 јајца
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • ½ лажичка бибер

Подготовка

Еве малку поинаков начин за подготовка на потпечени макарони.

Бидејќи е сезона на карфиолот, редно беше да поставам рецепт и со овој превкусен зеленчук.
Подготовка
1. Карфиолот го разделуваме на ситни цветчиња и го обаруваме во солена вода.
2. Макароните и обаренот карфиол ги ставаме во тава за печење во која има масло.
3. Рендаме кашкавал и ги потопуваме целосно со кисела вода.
4. Ги ставаме да се печат во рерна додека да омекнат макароните, поцрвенат и да испари водата. За тоа време го подготвуваме преливот.
5. Ги соединуваме јајцата со киселото млеко и зачинуваме по вкус и желба.
6. Откако ќе се запечат макароните го распоредуваме преливот, наросуваме бибер, повторно ги враќаме во рерна, да се запечат. Уживајте!
Забелешка
Ако сакате да го протнете зеленчуков кај деца кои не јадат карфиол, ова е еден одличен рецепт.