Подготовка:

1. Во длабок сад ја ставаме бананата, ја пасираме со виљушка. Го додаваме медот, чиа семето и меленото ленено семе, промешуваме. Го додаваме млекото и овесните снегулки. Промешуваме.

2. Во смесата додаваме овошје по желба, јас овој пат ставив праски. Додаваме и сецкани ореви. Смесата ја ставаме во сад со диемнзии 20х20. Печиме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани