Посни солени мафини
Ете бидна и овај посен рецепт некако во склад со постите брз и лесен за подготовка.
Подготовката започнува со ситнење на празот и се пропржува на малку масло, маслинките се сечкаат ситно, се ставаат минералната вода и маслото, после сите наведени состојки, се меша се со маталка-рачно. Во зависно од тоа дали ќе печите во силиконски калапи или пак во метални, постапката малку се разликува. Ако се метални како дел од моите прво се премачкуваат со масло(маргарин), на дното им посипав мак за поефектни да се, после се полнат калапите со смесата и тоа две третини исполнетост на калапот. Кај силиконските калапи не е потребно премачкување само полните и печите и тоа на 180 степени загреана рерна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови