Идеален доручек или вечера во деновите на пост топло ви ги препорачувам.
Подготовка.
Во мал дел од млаката вода го ставаме квасецот, лажичка брашно и шеќерот оставаме кратко да запени. Во брашното го сипуваме квасецот ја додаваме солта и замесуваме средно меко тесто кое го оставаме еден час да стасува.
Во меѓувреме ги вариме компирите пасираме и во нив ги мешаме ситно сецканите печурки, маслинки, пиперката и младото кромидче.
Откако тестото ќе стаса почнуваме со формирање на лепињите. Расукуваме едно топче кое го премачкуваме со филот затвараме со второ расукано топче и притискаме со прстите по краевите да се залепи. Формираните лепињи ги ставаме во плех со брашно секоја лепиња со прсти ја притискаме и печеме во загреана рерна на 200степени околу половина час. После печењето покријте ги да омекнат и оладат убаво.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани