7
апр
2013
Посни колачи со таан алва
Маргаринот и чоколадото се топат на тивок оган и се чека малку да проврие па се тргаат. Во нив се додаваат таан алвата, сецканите урми и сецканите кикирики. Сецкани кикирики се додаваат по осет колку што прима на крај да не е претврда смесата. Се формираат бомбици и се валкаат во сецкани кикирики или како подолу прикажаното се полнат силиконски калапи, се ставаат во замрзнувач 5 минути, па се вадат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
За ручечиња нешто многу многу уште не сум усовршена, ама обеќавам уште многу интересни рецепти за колаченца и торти ! Поздрав до сите мајки и домаќинки :)))