Посни колачи со таан алва
Состојки
- 500 гр кикирики (испечени без сол, излупени, сецкани)
- 250 гр урми сецкани
- 250 гр таан алва (изгмечена)
- 125 гр маргарин
- 100 гр чоколадо за готвење
Подготовка
Маргаринот и чоколадото се топат на тивок оган и се чека малку да проврие па се тргаат. Во нив се додаваат таан алвата, сецканите урми и сецканите кикирики. Сецкани кикирики се додаваат по осет колку што прима на крај да не е претврда смесата. Се формираат бомбици и се валкаат во сецкани кикирики или како подолу прикажаното се полнат силиконски калапи, се ставаат во замрзнувач 5 минути, па се вадат.