Посни кифли со маслинки и кашкавал
1. Квасецот се остава да стаса со малку млака вода
2. Брашното, квасецот, солта, шеќерот и маслото за јадење се замесуваат со топлата вода
3. Маслинките и кашкавалот се сечкаат на поситни коцки
4. Тестото се остава да се одмори, да нарасне околу 30-40 минути
5. Повторно се размесува откако ќе нарасне и се додава во него мелената сол (јас ставив околу 1 лажица)
6. Веднаш се дели тестото на неколку топчиња (бројот зависи од тоа колку големи ќе сакате да ви бидат кифлите-јас го поделив на 20 топчиња)
7. Секое топче се рассукува во коричка мала и на неа се реди од кашкавалот и маслинките, се попрскува пак со мелена сол и се додава по мало парченце маргарин
8. Коричката се витка како ролат, а притоа се завратуваат краевите на коричката за да не излезе филот надвор или да не истече кашкавалот
9. Се редат во тава за печење премачкана со маргарин
10. На секоја кифла озгора се става по мало парче маргарин и се попрскува со мелена сол и афион
11. Се оставаат кифлите да нараснат околу 30 минути
12. Се печат на температура од 180 С околу 20 минути
Пријатен појадок !
Лиценца: Сите права се задржани