Времето на делиции со есенската кралица - тиквата започна, па затоа ви ги предлагам овие фини, мирисни колачиња, кои одлично одат со чај или кафе, кои ќе ве освојат со нивниот мирис и вкус.

Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме маргаринот и шеќерот во прав, миксираме, додека смесата да стане кремаста. Потоа го додаваме пирето од тиква, пак миксираме, да се соединат убаво состојките. На крај, ги додаваме наведените суви состојки (претходно соединети и измешани). Убаво се изработува смесата да биде компактна. Готовата смеса ја ставаме во шприц или вреќичка.
2. Во плехот ставаме хартија за печење, па врз неа ги формираме колачињата. Печеме во загреана рерна на 160 степени (јас печев околу 30-35 минути). Вие одредете според тоа како пече вашата рерна и според тоа колку ќе ви бидат големи колачињата. Печените колачиња нека оладат потполно, па послужете ги.

*Забелешка - Зависно од блажината на тиквата, ќе ја корегирате и количината на шеќерот. Кај мене, тиквата не беше многу блага (доколку не ви се доволно благи колачињата, може да ги наросите со шеќер во прав).
Во однос на количината на тиква (60-70гр) - ставете прво 60 гр, па потоа, доколку сметате дека смесата е посува за формирање на колачињата, додадете уште 10-на грама (тоа сепак зависи и од самата тиква колку е сочна).

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани