Есенски солен тарт
Прво од наведените состојки се замесува средно тесто.
Во зависност од големината на јајцето ќе зависи количината на брашно( од 200-250 гр)
Дното на округла тава на делимано за печење се обложува со тестото.
Еден дел со големина на мало топче се расукува во долга форма.
Со него се оквирува цело дно.
Се боцка со вилушка на 5-6 места.
На малку загреано масло се пропжува сланинката, па се трга на страна.
Во истата маснотија се пржи сецканиот праз. Се лади.
Се соединуваат сланинката, празот, јајцата, урдата, и овој фил се распордува врз тестото.
Се покрива со ленти кашкавал.
Се печи околу 30 м на 180 степени.
Се сервира со јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани