Овој рецепт е лесен и не одзема многувреме за подготовка.Може да се чуваат во фрижидер исто така и да се замрзнуваат.Убави се и откако ќе се одмрзнат. Излегуваат приближно околу 45 бомбици.
1. На пареа се топи чоколадата и маргаринот.Потоа се додаваат исечканите лешници и издробените наполитанки.На крајот се додава растопеното чоколадо и се промешува. Се остава смесата да се олади на собна температура.
2.Потоа да постои уште 20 мин во фрижидер малку да се стврдне смесата.Потоа правиме бомбици.Ги глазираме во растопено бело чоколадо или црно по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови