17
дек
2012
Лешник бомбици
1. Најпрвин од лешниците се идделуваат 40 цели лешници. Останатите се мелат.
2. Чоколадото за готвење го рендаме.
3. Ренданото чоколадо, мелените лешници, шеќерот во прав и маргаринот ги мешаме заедно, да се добие хомогена смеса.
4. Се прават бомбици. На секоја бомбица и правиме мало дупче во кое го ставаме цел лешник ( од оние кои претходно ги одделивме ).
Лиценца: Сите права се задржани
Прекрасен рецепт и убава фотографија, но обиди се следниот пат пред да фотографираш да ја отстраниш датата. Секој апарат во делот за подесување ја има таа опција.
И уште еден добронамерен совет од нас :)
Потруди се фотографиите да не се само до горе направени. Спушти го апаратот и фотографирај со малку поинаков агол, во овој случај, надоле, да може да се видат колачињата од страна и од горе во исто време.
Поздрав :)