Бомбици од лешник (посно)
Состојки
- 200 гр ситно сечкани печени лешници
- 300 гр наполитанки од Винчини
- 180 гр маргарин
- 400 гр чоколадо
- Глазура
- 200 гр бело чоколадо
- 3 лажици масло
Подготовка
Овој рецепт е лесен и не одзема многувреме за подготовка.Може да се чуваат во фрижидер исто така и да се замрзнуваат.Убави се и откако ќе се одмрзнат. Излегуваат приближно околу 45 бомбици.
1. На пареа се топи чоколадата и маргаринот.Потоа се додаваат исечканите лешници и издробените наполитанки.На крајот се додава растопеното чоколадо и се промешува. Се остава смесата да се олади на собна температура.
2.Потоа да постои уште 20 мин во фрижидер малку да се стврдне смесата.Потоа правиме бомбици.Ги глазираме во растопено бело чоколадо или црно по ваша желба.