Посна штрудла со пире од тиква
Одлична посна штрудла за престојните правници.
Подготовка.
Брашното просеано го ставаме во сад за месење. На средина од брашното го ставаме зејтинот, квасецот, шеќерот, ванилиниот шеќер, кората од лимон, солта и пирето од тиква. Замесуваме со млака вода средно меко тесто.
Тестото го оставаме да стаса еден час.На набрашнета работна маса го сипуваме тестото и му ја додаваме ситно исецканата чоколада и суво гројзе,повторно месиме.Со оклагија формираме правоаголна форма која ја премачкуваме со мармалад по желба,формираме два ролата.Ролатите ги премачкуваме со зејтин и ги оставаме да стасаат додека не ни се загрее рерната.Печеме на двеста степени половина час до четириесет и пет минути.Добро изладената штрудла ја посипуваме со шеќер во прав и сечеме.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани