22
мај
2014
Посна штрудла со џем и афион
Се замесува тесто со млаката вода, растопениот маргарин, афионот, шеќерот, солта и квасецот.
Се меси убаво да се добие мазно тесто.Тестото се остава да се одмори 30 минути, а потоа се развлекува.
Се сукаат 2кори потенко и се премачкуваат прво со тенок слој на маргарин, а потоа со џем. Најубаво за вакви штрудли е да се користи домашен џем или мармалад затоа што индустрискиот истекува.
Се виткаат ролати и одозгора се премачкуваат со пирето од тиква и се поросуваат со афион. Се печат на 200степени околу 25 минути. Едноставни, брзи, посни и вкусни штрудлички, а џемот останува по ваш избор или во зависност од вашите залихи.
Лиценца: Сите права се задржани