Компирите и морковите излупете ги и исечете ги на тенки кругчиња. Брокулата искинете ја мали цветчина, а празот и лукот исецкајте ги.
Ставете ги во тенџере, додајте ја водата, зачините и маслото. Ставете го да се вари додека зеленчукот омекне. Потоа тргнете го на страна и со рачен блендер изблендирајте го.
Чорбата послужете ја топла со потпечен леб и салата по избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани