Најпрво подгответе го пудингот
Пудингот растворете го со малку вода или млеко од соја (јас употребив млеко од соја), а останатото ставете го да зоврие заедно со шеќерот. Додајте го расворениот пудинг и на тивок оган мешајте додека се згусне. Оставете го да олади покриен со фолија да не фати кора.

Подгответе го пандишпанот
Во сад ставете ја кока колата, шеќерот и маслото и измешајте ги со лажица или жица малку да се стопи шеќерот. Потоа додајте ги останатите состојки и убаво измешајте да се изедначи смесата. Истурете ја во подмачкано со маргарин и набрашнето плехче(35х20) и ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180-200 степени околу 20 мин. Оставете го да олади.

Подгответе го филот
Слатката павлака со медот и ванилата изматете ги во цврст снег. Изматете го и пудингот, додајте го во павлаката, заедно измешајте ги и на крај додајте ги мелените лешници.

Пандишпанот попрскајте го со неколку лажици кока кола и нанесете го целиот фил, порамнете го. Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во фрижидер да се спојат вкусовите.
Сечете коцки или парчина по желба, украсете ги со малку слатка павлака и шеќерни трошки и послужете ја.

Совет
--- Пудингот од карамел ако сакате може да го замените и со пудинг од лешник или ванила.
--- Пандишпанот може да се исече хоризонтално на половина и да се филова на средина и одозгора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани