Посна ледена коцка
Еве едни стари, малку подзаборавени колачи.
1. Во сад на оган ја ставаме водата заедно со шеќерот да зовријат.
2. На страна во друг сад ги мешаме густинот, брашното и ванилите.
3. Кога шербетот е зовриен (околу 10 минути врие) се додаваа добро промешаната смеса.
4. Цела постапка се одвива на тивок оган.
5. Се меша постојано се додека брашното не провари добро и густинот не се стврдне.
5. Готовата смеса ја полеваме во коцкесто тавче кое претходно сме го навлажниле.
6. Половина од смесата ја полеваме во тавчето, па во другата половина додаваме црвена прехрамбена боја и екстрат од малина или по желба каков сакате таков.
7. Промешуваме добро со миксер да се соединат бојата и екстратот со смесата и ја полеваме врз претходната смеса.
8. Наросуваме украсни трошки ( секако ако сакате ако не , не е потребно)
9. Ги ставаме во ладилник и откако ќе се стврднат се сечат на коцки.
10. Се служат ладни.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови