28
сеп
2022
Посен колач без масло
Подготовка:
1. Во длабока вангла се ставаат сите состојки и се меша со лажица. Се остава смесата 15мин за да се впијат состојките.
2. Во тава 20Х30см на дното се става една рака сечкани ореви .Врз нив се истура смесата и убаво се порамнува. Се печи на 200С-15мин, потоа се намалува на 180С -15 мин.
3. Се лади колачот. Се превртува и она што беше дно сега е горе заедно со сечканите ореви. Се сечи колачот и се прелива со сирупот.Сирупот само треба да зоврие и да се растопи шеќерот. Ладен колач - жежок шербет.
Вкусен колач кој плени на секое залаче.
Лиценца: Сите права се задржани