Испечати

Посен колач без масло

Посен колач без масло

Состојки

  • 30 лажици топла вода
  • 30 лажици шеќер
  • 30 лажици брашно
  • 8 рендани јаболка
  • 200 гр мелени ореви
  • 1 рака сечкани ореви
  • 200 гр суво грозје
  • 4 лажици гриз
  • 2 пециво
  • 2 лајчиња сода бикарбона
  • кора од портокал
  • Сируп
  • 400 гр шеќер
  • 400 мл вода
  • 2 ванила

Подготовка

Подготовка:

1. Во длабока вангла се ставаат сите состојки и се меша со лажица. Се остава смесата 15мин за да се впијат состојките.
2. Во тава 20Х30см на дното се става една рака сечкани ореви .Врз нив се истура смесата и убаво се порамнува. Се печи на 200С-15мин, потоа се намалува на 180С -15 мин.
3. Се лади колачот. Се превртува и она што беше дно сега е горе заедно со сечканите ореви. Се сечи колачот и се прелива со сирупот.Сирупот само треба да зоврие и да се растопи шеќерот. Ладен колач - жежок шербет.
Вкусен колач кој плени на секое залаче.