Во сад ги ставаме водата, шеќерот, зејтинот и ванилата и мешаме со виљушка. Оставаме да одстои 5 минути а потоа го додаваме брашното и пецивото.Промешуваме смесата убаво да се соедини и потоа ја делиме на два дела. Во едниот дел додаваме какао.
Во подмачкана тепсија бр.30 ставаме на средината од тепсијата наизменично од смесата бела па црна, бела, па црна се додека имаме смеса. Печеме во загреана релна на 200 степени околу половина час.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови